• сабота, 16 ноември 2024

Зеленски разочаран од недостатокот на посветеност на некои светски лидери за мировниот самит во Швајцарија

Зеленски разочаран од недостатокот на посветеност на некои светски лидери за мировниот самит во Швајцарија

Сингапур, 2 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска во Сингапур каде учествува на безбедносен форум изјави дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да учествуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг пред два дена изјави дека нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател Џо Бајден.

-Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД.

Повеќе од сто земји и организации (106) ветија дека ќе учествуваат на самитот во јуни во Швајцарија, рече Зеленски и ги покани земјите од азиско-пацифичкиот регион да се приклучат.

Кина во петокот рече дека ќе биде „тешко“ да се учествува на овој самит доколку Русија не биде поканета.

Во последните денови Зеленски посети неколку европски земји со цел да побара поголема воена помош за украинската армија, која се повеќе се бори да се спротивстави на континуираните напади на Русија.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан