• недела, 22 декември 2024

Зеленски разговараше со Пјетро Паролин за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина

Зеленски разговараше со Пјетро Паролин за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина

Киев, 23 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, со кого разговараше за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина.

„Разговаравме за последиците од руската агресија врз Украина, за тековниот воздушен тероризам, за тешката хуманитарна ситуација и за исходите од нашата средба со папата Франциск во Италија во јуни“, напиша Зеленски на Х.

„Посебно се фокусиравме на одлуките на првиот мировен самит и на улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и траен мир за Украина“, додаде Зеленски. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан