• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски посакува на самитот во Вилнус Украина да добие „политичка покана“ за членство во НАТО

Зеленски посакува на самитот во Вилнус Украина да добие „политичка покана“ за членство во НАТО

Киев, 27 јуни 2023 (МИА) – На самитот на Алијансата што следниот месец ќе се одржи во главниот град на Литванија, Вилнус, Украина треба да добие политичка покана за членство, посакува украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Има многу причини да се упати политичка покана до Украина да се приклучи на Алијансата“, напиша тој денеска на каналот Телеграм.

Украинскиот претседател побара и безбедносни гаранции од НАТО доколку неговата земја во блиска иднина не стане членка на Алијансата.

Зеленски призна дека има целосно разбирање за безбедносните гаранции за Украина до моментот на пристапување во Алијансата, но не даде дополнителни детали.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изјави дека очекува Киев да добие јасен сигнал и „формула“ за покана за членство во НАТО на самитот што ќе се одржи во Вилнус од 11 до 12 јули.

Зеленски веќе некое време се залага за членство на Украина во НАТО, но нагласи дека разбира оти приклучувањето е невозможно се додека војната се уште беснее во Украина. сд/

Остани поврзан