• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Патот на Украина кон Европа и слободата не е само политички, туку и идеолошки

Зеленски: Патот на Украина кон Европа и слободата не е само политички, туку и идеолошки

Киев, 28 јуни 2024 (МИА)  - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека патот на Украина кон Европа не е само политички и географски, туку и идеолошки.

-Тој пат се одвива во различни правци: Харковскиот, Купјанскиот, Запорожјенскиот, Сиверскиот и многу други правци. Овој пат е тежок, но Украина ќе го совлада. Затоа што поминуваме низ него заедно, во секој агол на Украина, која, се разбира, е европска земја и која секако ќе биде мирна, рече претседателот Зеленски во своето обраќање по повод Денот на Уставот, снимен ден претходно во Лавов на пат од Киев кон Брисел, пренесува Укринформ.

Зеленски нагласи дека патот на Украина кон Европа започна „не вчера, ниту пред една година, ниту во 1991 година“, и дека го трасирале различни генерации кои се бореле за независна, европска Украина.

-Овој пат е исткаен од различни судбини, различни патишта, различни луѓе. Овој пат е полн со искушенија, препреки, болка што моравме да ја почувствуваме и волја што ни овозможува да одиме напред. И тоа е патот што секој од нас го изодува денеска, рече претседателот.

Тој рече дека Украина сега е на пат кон Европа, но дека има уште многу да се направи.

Украина денеска го слави Денот на Уставот. сд/

Остани поврзан