• вторник, 05 ноември 2024

Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина

Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина
Киев, 19 јули 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), јави ДПА. Во своето традиционално вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека одлуката влијае на персоналот на СБУ на различни нивоа. „Генерално, сепак, причините се - незадоволителни резултати во работата“, истакна тој. Во неделата, украинскиот претседател ги разреши шефот на СБУ Иван Баканов и главната обвинителка Ирина Венедиктова. Тој го наведе своето незадоволство од фактот што повеќе од 60 вработени во СБУ и Обвинителството останале на териториите окупирани од Русија - нешто што властите во Киев го сметаат за предавство. Андриј Смирнов, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, рече дека речиси пет месеци по почетокот на војната, откривањето на руски шпиони во државните институции продолжува. Според аналитичарите, сепак, целта на овие потези е да се зајакне контролата на украинскиот претседател врз армијата и безбедносните служби, на чие чело се луѓе назначени пред руската инвазија на 24 февруари. паг/

Остани поврзан