• вторник, 07 мај 2024

Зеленски од Гранада: Главен предизвик е да го зачуваме единството на Европа

Зеленски од Гранада: Главен предизвик е да го зачуваме единството на Европа

Гранада, 5 октомври 2023 (МИА) - Главен предизвик е да се зачува единството во Европа и тоа не само на ЕУ, туку и на целиот европски континент, во услови кога Русија напаѓа со информации и дезинформации, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

- За Украина е особено важно да обезбеди одбранбен штит за претстојната зима, кога се очекуваат напади од различен вид руски проектили, ирански дронови и слично, додаде Зеленски.

Во однос на одлуката на Конгресот на САД за запирање на финансиската помош за Украина, Зеленски рече дека при неговиот престој во Њујорк на Генералносо собрание на ОН разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој изразил стопроцентна поддршка за Киев од негова страна и од страна на неговите сопартијци во Конгресот.

- Сакако, ова е период на предизборие во САД кога се слушаат разлчни изјави, некои од нив се многу чудни, но денеска ќе разговараме и за нив, додаде Зеленски во кусата изјава. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан