• среда, 17 јули 2024

Зеленски: Не загубивме позиции во контраофанзивата

Зеленски: Не загубивме позиции во контраофанзивата

Киев, 20 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска изјави дека украинските сили не изгубиле позиции во контраофанзивата против руските сили, додека непријателските сили претрпеле само загуби.

-Во некои сектори нашите сили се движат напред, во други ги браниме позициите и се спротивставуваме на нападите на окупаторите, кажа Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до Украинците.

„Ние не изгубивме позиции, туку ги ослободивме. А тие имаат само загуби. Генерално, ситуацијата е таква што создаваме притисок, што го отвора патот за нашето знаме“, рече украинскиот лидер. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан