• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Неделата беше моќен ден на фронтот, особено кај Бахмут

Зеленски: Неделата беше моќен ден на фронтот, особено кај Бахмут

Киев, 31 јули 2023 (МИА) - Висок украински функционер изјави дека во неделата се воделе тешки борби во североисточниот дел на земјата, наведувајќи дека украинските сили ги држат своите борбени линии и постигнуваат успешен напредок на некои места.

Во меѓувреме, руската армија соопшти дека ги запрела нападите на украинските сили на североисток. Руските власти објавија и дека во обидот за украински напад со дронови врз Москва во неделата вечерта, биле соборени три дронови, како и дека е оштетена фасадата на повеќекатната зграда во која се сместени канцелариите на руската влада.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша неделата како „добар, моќен ден“ на фронтот, особено на линијата на конфликтот кај Бахмут, „каде што украинските сили ги враќаат областите што беа преземени од руските сили во мај“.

Украина не ја презеде директно одговорноста за нападите со беспилотни летала, но Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на територијата на Русија, кон цели кои имаат симболично значење“.

Синоќа руските сили извршија серија нови ноќни воздушни напади кои погодија „нестанбена зграда“ во градот Харков во североисточна Украина, но според официјални лица нема жртви.

Зеленски објави дека по расчистувањето на урнатините на местото на саботниот руски напад врз градот Сума во северна Украина, во кој беше погодено училиште, било утврдено дека животот го загубиле две лица.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили се обиделе да ги потиснат украинските војници од „напредните позиции“ во североисточна Украина, кои руските сили ги освоија на почетокот на конфликтот со Украина во февруари 2022 година, но кои подоцна беа вратени под контрола на украинските сили.

Малиар, зборувајќи на украинската национална телевизија, рече дека клучна задача на Русија е да го одвлече вниманието на украинските сили од областа Бахмут, каде што се спроведува „успешна украинска офанзивна воена операција“.

„Тие напаѓаа бескрајно оваа недела. Но, нашите војници се спротивставија на тие напади и понекогаш ги враќаа назад, предизвикувајќи им големи загуби“, рече таа. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан