• вторник, 17 декември 2024

Зеленски на средба со принцот на Саудиска Арабија, разговарале за мировната формула на Киев за ставање крај на конфликтот

Зеленски на средба со принцот на Саудиска Арабија, разговарале за мировната формула на Киев за ставање крај на конфликтот

Ријад, 27 февруари 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Саудиска Арабија имаше средба со со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман за текот на руската двегодишна инвазија на Украина, истакнувајќи ги напорите на кралството да најде решение за ставање крај на војната.

Според соопштението на веб-страницата на Зеленски, двајцата разговарале за мировната формула на Киев за ставање крај на конфликтот.

Украинскиот претседател му се заблагодари на престолонаследникот за неговите „ценети совети“ за изнаоѓање начини за забрзување на неговото спроведување.

„Шефот на државата (Зеленски) особено ги истакна напорите на Саудиска Арабија да помогне да се постигне праведен мир во Украина“, се вели во соопштението.

„Раководството на Саудиска Арабија може да помогне да се најде праведно решение“, вели Зеленски во изјавата.

Зеленски и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман разговараа за суштината на мировниот самит за кој Швајцарија се согласи да биде домаќин подоцна оваа година. Се разговарало и за „можните чекори за вистинско обновување на безбедноста за Украина, Европа и светот“.

„Имаме идентични интереси за обезбедување глобална стабилност“, се вели во изјавата на Зеленски.

Тој претходно рече дека разговорите главно се фокусирале на мировната формула на Киев за ставање крај на руската инвазија, како и враќањето на воените заробеници и депортираните лица.

Саудиската новинска агенција (СПА) објави дека за време на разговорите, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „ја потврдил подготвеноста и поддршката на Кралството за сите иницијативи и напори на меѓународната заедница насочени кон решавање на украинско-руската криза, постигнување мир и продолжување на напорите за придонес за ублажување на настанатите хуманитарни последици“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан