Зеленски: Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени во Русија
- Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени на Крим или Русија, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Киев, 24 декември 2024 (МИА) - Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени на Крим или Русија, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека руските сили киднапирале украински деца пред две години за време на повлекувањето.
„Украинските деца не се играчки, иако се чини дека се за руските елити и функционери. Мораме да направиме се што е во наша моќ да ги вратиме украинските деца дома“, напиша Зеленски во објавата на X. паг/
Фото: ЕПА