• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Најмалку 15 загинати, а 50 ранети во руски ракетен напад на железничка станица

Зеленски: Најмалку 15 загинати, а 50 ранети во руски ракетен напад на железничка станица
Киев, 24 август 2022 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа, а 50 се ранети денеска во руски ракетен напад на железничка станица во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН. „Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони“, рече Зеленски на почетокот на својот говор. Според него, „најмалку 15 луѓе ги загубиле животите, а педесетина се ранети“. „Спасувачите излегоа на терен, но бројот на жртви, за жал, може да се зголеми. Ова е нашето секојдневие“, додаде Зеленски. Нападот доаѓа додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година. Исто така, се случува кога земјата влегува во седмиот месец од војната со Русија која започна на 24 февруари. Зеленски претходно денеска рече дека Украина ќе се бори „до крај“. паг/    

Остани поврзан