• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски најави зајакнување на воените капацитети со беспилотни летала

Зеленски најави зајакнување на воените капацитети со беспилотни летала

Киев, 7 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека украинските власти подготвуваат нови форми на соработка со партнерите со цел да ги зајакнат воените капацитети со дронови.

-Следната недела планираме значајни меѓународни состаноци и нови форми на соработка со партнерите, особено во однос на беспилотните летала, во смисла на зајакнување на нашите способности во користењето на беспилотни летала и во спротивставувањето на руските беспилотни летала, како и во зајакнувањето на способностите на радио-електронска војна, рече Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Зеленски вчера одржал многу состаноци, меѓу кои и состанок за безбедносните гаранции, што, според него, е еден од клучните приоритети на украинската влада. Тој додаде дека вчера утврдиле какви резултати треба да постигнат во блиска иднина.

Данските власти соопштија дека ќе донираат 19 американски борбени авиони Ф-16 на Украина во вториот квартал од 2024 година, кога ќе заврши обуката на пилоти.

Данска, која ги заменува своите Ф-16 со помодерни Ф-35, и вети на Украина 19 авиони. Холандија, која учествува во обуката на украинските пилоти, ќе обезбеди 42 авиони, но не се знае точно кога. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан