• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Колку повеќе финансиска поддршка добива Украина, толку побрзо ќе заврши војната

Зеленски: Колку повеќе финансиска поддршка добива Украина, толку побрзо ќе заврши војната
Киев, 12 октомври 2022 (МИА) -  Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека колку повеќе финансиски средства таа земја добива како поддршка од меѓународните донатори, толку побрзо ќе заврши војната. Зеленски истакна дека се потребни 38 милијарди долари за да се затвори проценетиот буџетски дефицит за следната година. - Колку повеќе помош добива Украина сега, толку побрзо ќе ставиме крај на руската војна и толку побрзо и посигурно ќе гарантираме дека таква сурова војна нема да се прошири во другите земји, рече Зеленски во онлајн обраќањето на форумот за време на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон. ссм/

Остани поврзан