• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски и го претстави „планот за победа“ на делегација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

Зеленски и го претстави „планот за победа“ на делегација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

Вашингтон, 27 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги претстави клучните точки од „планот за победа“ за време на средбата со делегација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес составена од претставници на републиканците и демократите.

Веста за оваа средба Зеленски ја објави на својот Фејсбук профил, наведувајќи дека ги претставил клучните точки од планот што ќе овозможи зајакнување на Украина на патот кон мирот.

„Ние сме во одлучувачки момент во оваа војна. Затоа ни треба навистина силен притисок и силна позиција на Украина“, рече украинскиот претседател.

На средбата се разговарало и за ситуацијата на фронтот, за заштитата на енергетската мрежа, како и за подготовките на Украина за зимата.

Зеленски им се заблагодари на САД за поддршката на Украина, додавајќи дека таа ги спасува животите на украинскиот народ и помага да се заштитат независноста и слободата на таа земја. сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан