• недела, 19 мај 2024

Зеленски за загинувањето на Пригожин: Ние не сме вклучени во оваа ситуација, сите се свесни за тоа кој е виновникот

Зеленски за загинувањето на Пригожин: Ние не сме вклучени во оваа ситуација, сите се свесни за тоа кој е виновникот

Киев, 24 авгусат 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми.

-Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, но не даде повеќе детали.

Украинскиот претседател, наведе дека, најверојатно, зад падот на авионот на Пригожин стои рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин се обиде да изврши државен удар пред неколку месеци и експресно се откажа. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан