• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски експедитивно потпиша четири закони усвоени вчера од Врховната рада

Зеленски експедитивно потпиша четири закони усвоени вчера од Врховната рада

Киев, 9 декември 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа експедитивно потпиша четири закони усвоени вчера од Врховната Рада, кои се неопходни за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, пренесоа украински медиуми.

Според информациите на официјалната веб-страница на украинскиот парламент, Зеленски, особено, го потпишал законот „За воведување измени на одредени закони на Украина во врска со разгледувањето на експертската проценка на Советот на Европа и неговите тела за правата на националните малцинства (заедници) во посебни сфери.

Во законот пишува дека приватните универзитети ќе имаат право слободно да го избираат наставниот јазик кој мора да биде официјален јазик на ЕУ, но не и рускиот, кој увозниците го квалификуваат како јазик на земја агресор.

Украинскиот претседател потпиша и два закони - едниот за зајакнување на независноста на Специјализираното обвинителство за антикорупција и другиот за зајакнување на институционалниот капацитет на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ). Вториот од овие закони предвидува постепено зголемување на персоналот на НАБУ на 300 вработени.

Четвртиот закон потпишан од Зеленски се однесува на донесување посебни правни норми за спречување на корупцијата во согласност со препораките на Европската комисија. Со него се предвидува можност Националната антикорупциска агенција да има право да го потврди потеклото на имотот што го стекнале државните службеници за време на нивната работа во државната администрација. мс/

 фото: МИА архива

Остани поврзан