• петок, 05 декември 2025

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Киев, 19 јуни 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за командант на украинските копнени сили.

Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше врска во координативниот центар на НАТО во Германија.

Тој ќе го замени генералот Михаило Драпати, кој поднесе оставка по смртоносниот руски напад на полигон претходно овој месец.

На 3 јуни, Зеленски го назначи Драпати за командант на Здружените сили на Украина. зш/

Остани поврзан