• петок, 03 јануари 2025

Зеленски ги разреши од должноста заменикот на неговиот шеф на кабинет и двајца началници на регионални администрации

Зеленски ги разреши од должноста заменикот на неговиот шеф на кабинет и двајца началници на регионални администрации

Киев, 31 декември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го разреши Роман Машовац од функцијата заменикот на неговиот шеф на кабинет.

Во соопштението од Кабинетот на Зеленски се наведува дека Роман Машовц беше назначен на функцијата заменик шеф на кабинет на претседателот на Украина на 22 февруари 2020 година, пренесува Укринформ.

Освен Машовац, Зеленски ги разреши и шефовите на регионалните државни администрации на Киев и Полтава.

Разрешени се Руслан Кравченко, шеф на регионалната државна администрација во Киев, и Филип Пронин, шеф на регионалната државна администрација во Полтава.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан