• понеделник, 25 ноември 2024

Зеленски ги повика сојузниците од Г7 „навреме“ да достават воена помош за Украина

Зеленски ги повика сојузниците од Г7 „навреме“ да достават воена помош за Украина

Киев, 24 февруари 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика западните сојузници да достават воена помош до неговата земја навреме, за време на виртуелниот состанок на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) организирана на втората годишнина од руската инвазија.

- Вие многу добро знаете што ни треба за да го заштитиме нашето небо, да ја зајакнеме нашата копнена армија, што ни треба за да ги одржиме и продолжиме нашите успеси на море и добро знаете дека тоа ни треба на време и сметаме на вас, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека на армијата и недостасува муниција и побара повеќе системи за противвоздушна одбрана против руската армија, која е во офанзива. јт/

Фото: Фејсбук скриншот

Остани поврзан