• среда, 03 јули 2024

Зеленски ги истакна клучните приоритети за новиот украински министер за одбрана

Зеленски ги истакна клучните приоритети за новиот украински министер за одбрана

Киев, 7 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги истакна клучните приоритети по кои треба да се води новиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Киев Индепендент на социјалната мрежа Икс (Х) објави дека Зеленски на Умеров му дал пет приоритети, пред сè да ја зајакне централната улога на Министерството во одбраната.

Приоритетите вклучуваат „војникот како најважна вредност, проширување на меѓународните партнерства, борба против корупцијата, а преку дигитализација и реформа на армијата според стандардите на НАТО“, пишува весникот.

Парламентот на Украина вчера го одобри именувањето на Умеров за министер за одбрана, бидејќи Зеленски во неделата најави разрешување на поранешниот министер Олексеј Резников, кој потоа поднесе оставка.

Умеров (41) дипломирал економија, магистрирал финансии и работел во мобилната телефонија, бил инвеститор, а од 2020 година е член на работната група на Владата која работи на стратегија за ставање крај на руската окупација на Крим. Од 2022 година е на чело на Фондот за државна сопственост, а познат е како вешт преговарач. паг/

Фото: ЕПА
  
 

 

Остани поврзан