• сабота, 21 декември 2024

Зеленски во Париз негираше дека се зборува за прекин на огнот

Зеленски во Париз негираше дека се зборува за прекин на огнот

Париз, 10 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Париз како дел од неговата дипломатска турнеја меѓу неговите главни европски сојузници, чија цел е да добие поголема поддршка против руската инвазија.

Прекинот на огнот „не е тема на разговор со нашите сојузници“, рече Зеленски вечерва по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Тој додаде дека прекин на огнот е „руска дезинформација“.

Зеленски повика и на брзо зголемување на помошта од Западот. зш/

Остани поврзан