• петок, 05 декември 2025

Зеленски во вторник со видеопорака ќе се обрати до албанските пратеници

Зеленски во вторник со видеопорака ќе се обрати до албанските пратеници
Тирана, 28 април 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана. Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видеопорака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот. Во последните неколку недели, украинскиот претседател со видеопораки се обрати во парламентите на неколку европски земји. Албанија, сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметнувајќи санкции кон Русија. Во земјата досега се пристигнати околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил. Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година. вт/паг/

Остани поврзан