• среда, 13 ноември 2024

Зелената агенда станува дел од ДУИ за локалните избори, соопшти Ахмети

Зелената агенда станува дел од ДУИ за локалните избори, соопшти Ахмети
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - На денот на 19. роденден на Демократската унија за интеграција, претседателот Али Ахмети соопшти дека зелената агенда станува дел од нивната партија на локалните избори. - На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, рече Ахмети. Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои, според него, ДУИ ги има реализирано во текот на неговото постоење. - Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани, рече тој. фф/ац/

Остани поврзан