• понеделник, 23 декември 2024

Здружението Мултикултура на двајцата кандидати за градоначалник им посочи приоритети за соработка помеѓу локалната власт и граѓанскиот сектор

Здружението Мултикултура на двајцата кандидати за градоначалник им посочи приоритети за соработка помеѓу локалната власт и граѓанскиот сектор
Тетово, 25 октомври 2021 (МИА) - Здружението Мултикултура денеска организираше средби со двајцата кандидати за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами од Движењето Беса и Теута Арифи од Демократската Унија за Интеграција. Темата на разговор беше вклученоста на граѓанските организации во донесуваањето одлуки од страна на општината во иднина. -На овие средби се разговараше за приоритетите и препораките кои произлегоа од Форумите за граѓански дијалог, приоритети кои треба да бидат во фокусот на мандатот на новиот градоначалник на Општина Тетово. Заедно со кандидатите за градоначалници разговаравме и за создавање на нови можности за соработка помеѓу локалната власт и граѓанскиот сектор, како катализатор за промени во заедницата, информираат од Мултикултура. Средбите се одржаа во рамките на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни локални промени“.ас/свс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан