• понеделник, 18 ноември 2024

Здраствените работници ја пречекаа белгиската премиерка завртени со грб

Здраствените работници ја пречекаа белгиската премиерка завртени со грб
Брисел, 17 мај 2020 (МИА) – Премиерката на Белгија, Софи Вилмес посети неколку болници за да пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство. Дел од медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречека Вилмес со шпалир, но завртени со грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое е со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал. Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, додавајќи оти е потребно да се врати вредноста на професијата. - Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита, напиша Вилмес на Твитер. ми/

Остани поврзан