• понеделник, 23 декември 2024

Здравствените власти во Германија ќе разговараат за тестирање на повратниците од странство

Здравствените власти во Германија ќе разговараат за тестирање на повратниците од странство
Берлин, 27 јули 2020 (МИА) - Хелге Браун, шеф на Кабиентот на германската канцеларка Ангела Меркел, објави дека германскиот министер за здравство Јенс Шпан и неговите колеги од сите 16 сојузни држави денеска ќе разговараат за можноста, за оние кои се враќаат во таа земја од одмор во странство, тестирањето за коронавирусот да биде задолжително. - Мислам дека ќе најдеме решение релативно брзо, изјави Браун. Таа наведува дека е неопходно да се реагира веднаш за да се спречи сегашното зголемување на бројот на заразени лица во Германија, бидејќи ставањето на инфекцијата под контрола, како што рече, ќе биде потешко во текот на есента и зимата. Шпан и министрите за здравство на германските сојузни провинции во петокот постигнаа договор дека на повратниците од одмор во странство ќе им биде овозможен бесплатен тест за коронавирусот  и дека оние што ќе бидат со негативни резултати нема да мора да бидат ставени во карантин. паг/

Остани поврзан