• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Здрави почетоци, надежна иднина - Онлајн настан за родители и семејства

Здрави почетоци, надежна иднина - Онлајн настан за родители и семејства

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Општина Центар организира онлајн информативна сесија за сите родители, идните родители и семејствата со фокус на најважниот аспект од животот: здравјето и благосостојбата на трудниците, новороденчињата и децата.

Панелисти на онлајн настанот се проф. д-р. Елизабета Зисовска, педијатар, доц. д-р. Горан Кочоски, гинеколог и Сања Буклишева, акушерка.

Според проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари лицата кои ќе се вклучат на онлајн сесијата (https://forms.gle/vqw5P4bfXtN87GvA9)  ќе може да добијат стручни совети од водечки професионалци во педијатрија, гинекологија и акушерство, да поставуваат прашања и да добијат одговори, со што ќе го зајакнат сопственото разбирање за бременоста, породувањето и грижата за децата.

-Овој настан е можност идните и сегашните семејства да се стекнат со вредни сознанија од искусни здравствени работници, да постават важни прашања и да дознаат повеќе за создавање на здрава средина за нивните семејство. Без разлика дали очекуваат, од неодамна сте станале родител или едноставно сакаат да ја подобрат грижата за здравјето на семејството, оваа сесија за прашања и одговори има по нешто за секого, наведуваат од МАГО. вг/дма/

Фото: МИА Архива

 

 

 



Остани поврзан