• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен прометот од продажба на услуги

Зголемен прометот од продажба на услуги
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2021 година е за 5,1 отсто повисок отколку во истиот период од 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување има кај поголем дел од одделите, а најголемо, 141,3 отсто е забележано во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив, во одделот Емитување програма има зголемување за 86,7, а во одделот Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) зголемувањето е за 55,8  отсто.вј/лв/

Остани поврзан