• петок, 05 декември 2025

Зголемен бројот на прегледи на штипска Урологија

Зголемен бројот на прегледи на штипска Урологија

Штип, 8 јуни 2022 (МИА) - Бројот на прегледите на одделот за Урологија при Клиничка болница Штип е зголемен, информира началникот на Урологија, Димитар Кожухаров, кој вели дека дневно имаат и по 70 пациенти, а нивниот број е зголемен откако паднаа бројките на заразени пациенти од коронавирусот.

- Заболувањата од уролошката страна се доста чести, особено аденомот на простата и во последно време карционом на простата. Оперативниот дел на карционом на простата се изведува тука во Штип и имаме голем број на вакви случаеви, а најчести болести се аденомот на простата, заболување кое се јавува кај мажите по 50 година и првите прегледи најдобро е да се направат околу 50 година, вели Кожухаров.

Забележа дека радува фактот што проблемите со простатата кај мажите не остануваат табу тема за која не се разговара, туку пациентите, за разлика од претходно, посетуваат доктор и бараат лек за своите проблеми.

Одделот за Урологија при Клиничка болница - Штип располага со четири доктори специјалисти, и еден доктор кој моментално е на специјализација. Одделот има 20 кревети и се работи во две уролошки амбуланти, а секојденвно има по 30 до 35 пациенти. вдј/ар/

Остани поврзан