• вторник, 24 декември 2024

Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра

Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица.

Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74. 

Вкупниот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари, што е повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан