• вторник, 19 ноември 2024

Зголемено ниво на радијација во нуклеарната централа Олкилуото 2 во Финска

Зголемено ниво на радијација во нуклеарната централа Олкилуото 2 во Финска
Хелсинки, 10 декември 2020 (МИА) - Финскиот орган за нуклеарна безбедност СТУК денеска соопшти дека нивото на зрачење во нуклеарната единица Олкилуото2 се зголемило околу 13 часа на западот на земјата, но дека немало протекување и дека ситуацијата е под контрола. - Ова е значаен и извонреден инцидент и веруваме дека е многу важно да се обезбедат точни информации за тоа, изјави финската министерка за социјални работи и здравство Аино-Каиса Пеконен. Жармо Танхуа, извршен директор на операторот на нуклеарната централа ТВО, рече дека инцидентот е необичен настан во историјата на објектот. паг/

Остани поврзан