• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени цените на угостителските услуги

Зголемени цените на угостителските услуги
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,0, Безалкохолни пијалаци за 1,1 и Ноќевања за 2,0 отсто. Цените, пак, на угостителските услуги за периодот јануари – март 2022 година, во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 отсто, додека во однос на декември 2021 година пораснале за 3,4 отсто.вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан