• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени цените на угостителските услуги

Зголемени цените на угостителските услуги
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - август 2022 година во однос на истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти. Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто. мч/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан