• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Скопје, 1 април 2021 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,53 метри понизок од просекот за април иако за 15 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 23 сантиметри, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец. Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерните места во Пелинце и Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево.вј/лв/

Остани поврзан