• среда, 03 јули 2024

Зголемена појава на палење стрништа во Пијанечкиот регион

Зголемена појава на палење стрништа во Пијанечкиот регион
Делчево, 7 март 2021 (МИА) - Зголемена е појава на палење стрништа во Пијанечкиот регион. Од Територијалната противпожарна единица Делечво информираа дека досега единицата учествувала во повеќе акции за гаснење на запалени стрништа, од кои последната активност е регистрирана во делчевското село Габрово.
-Поради силниот ветар од запалено стрниште можеше да настане поголем проблем. За среќа навремено реагиравме и спречивме пожар од поголеми размери бидејки во близина на местото се наоѓаа куќи и викендици. Заради ваквите појави апелираме мештаните да внимаваат при палењето на оган, бидејки често доаѓа до проширување на огнот, истакнаа од ТППЕ Делчево.
Од почетокот на годината делчевските пожарникари имале помалброј на интервенции од кои дел се унтервенции во сообраќајни незгоди.
-Во последната ваква несреќа интеврениравме на запалено возило на граничен премин Делчево. Во пожарот во кој јза среќа немаше настрадани лица, целосно изгоре патничко возило Лада „нива“ во сопственост на ЈП „Македонски шуми“ подружница Голак. Несреќата се случи на 4 март 2021 година околу 12 часот, информираа од ТППЕ Делчево.
Поради топлото време кое е невообичаено за месец февруари пожарникарите очекуваат зголемена појава на пожари, заради што апелираат, особено до земјоделците да не палат оган на отворено, а граѓаните да ги пријават навреме огнените стихии кои ќе ги забележат во природа.вс/бт/

Остани поврзан