• понеделник, 23 декември 2024

ЗБЦГ: Андрија Мандиќ е кандидат за претседател на црногорското Собрание

ЗБЦГ: Андрија Мандиќ е кандидат за претседател на црногорското Собрание

Подгорица, 14 октомври 2023 (МИА) - Лидерот на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ, е кандидат за претседател на Парламентот на Црна Гора, соопштија од коалицијата „За иднината на Црна Гора“ (ЗБЦГ), пренесе РТЦГ.

 Оттаму, исто така, посочуваат дека допрва треба да се договори конечната верзија на договорот со кој се дефинира распределбата на ресорите во новата влада.

Пратеникот на Обединета Црна Гора, Владимир Добричанин, изјави дека не гледа зошто некој би се спротивставил на кандидатурата на Мандиќ за претседател на Собранието, пренесе РТЦГ.

-Тоа место и припаѓа на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ и таа коалиција суверено ќе одлучува кој ќе биде претседателот на Собранието. Дали тоа ќе биде господинот Андрија Мандиќ или некој од таа коалиција, тоа е веќе внатрешна работа на коалицијата ЗБЦГ, рече Добричанин.

Тој нагласи дека поделбата на министерствата се уште не е конечна.

-Се уште не е преговарано до најситен детал и тоа ќе се финализира во следните денови, многу брзо. Се надеваме дека ќе имаме нова влада до крајот на овој месец или веќе на почетокот на ноември, рече Добричанин. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан