• недела, 22 декември 2024

За 24 часа во Италија нови 27 смртни случаи од Ковид-19

За 24 часа во Италија нови 27 смртни случаи од Ковид-19
Рим, 3 март 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија се зголеми за 27 во последните 24 часа и сега изнесува 79, соопшти денеска италијанската служба за цивилна заштита. Вкупниот број заразени во Италија, каде има најголемо жариште на Ковид-19 во Европа, вчера се зголеми од 2.036 на 2.502 лица. Службата за цивилна заштита соопшти дека 160 лица кои биле први заразени успешно закрепнале. Вирусот се прошири во Италија пред 12 дена и го зафати северниот дел од земјата, но Ковид-19 сега е регистриран во 19 од 20-те региони на Италија. Според податоците достапни до 19 часот, во светот има 92.823 инфицирани од Ковид-19, од кои 3.164 починати, а 48.469 се веќе излекувани. ссм/  

Остани поврзан