• среда, 25 декември 2024

За шест часа 145 казни за брзо возење на територијата на СВР Тетово

За шест часа 145 казни за брзо возење на територијата на СВР Тетово
Скопје, 6 јуни 2021 (МИА) - Изречени се 145 санкции за брзо возење на територијата на СВР Тетово во тек на акциска контрола  што ја спровела полицијата денеска од 14 до 20 часот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 104 санкции се изречени на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар. Седумдесет и еден возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнува МВР.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан