• понеделник, 23 декември 2024

За Шекеринска смешен е обидот дополнително да се политизира случајот со Боки 13 и Јанева

За Шекеринска смешен е обидот дополнително да се политизира случајот со Боки 13 и Јанева
Скопје, 26 април 2021 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање што правел еден миниситер за одбрана во домашна атмосфера со Боки 13 и Катица Јанева, потенцира оти процесот трае и сите информации што се битни за јавноста новинарите ги добиват, но станува смешно, подвлече, обидот да се политизира дополнително случајот. - Случајот што го отворате покажа колку нашата држава се променила. Новинарите поставуваат дури и нелогични прашања, но никој не ги критикува за тоа. Медиумите можат да критиквуаат и многу ретко одлучуваат тоа да не го прават. Она што е најважно, никој не е над законот, изјави Шекеринска, откако заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. Според неа, како држава покажавме дека промените се возможни. - Денеска во власта никој не може да штити никого ако правдата дојде по своето и тоа е голем комплимент не само за соодветните институции, туку пред се за граѓаните, кои тешко се изборија за ова крупна промена, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. цр/сдр//

Остани поврзан