• понеделник, 23 декември 2024

За случајот „Титаник“ треба да сведочат уште 50 сведоци на обвинителството

За случајот „Титаник“ треба да сведочат уште 50 сведоци на обвинителството
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - Единицата АЛФИ при МВР во 2013 година во Охрид била пратена за извршување на работни задачи од моторно-патролна природа и легитимирање на осомничени лица. Сведокот Горан Чекаловиќ, како дел од тимот што бил пратен во Охрид вечерта пред одржување на локалните избори во суд денеска посочи дека тие само извршувале наредби кои им бил дадени од тим лидерите. - Повеќе лица бевме од тимот, беше и Џезми Ахмет (обвинет во случајот „Титаник“). Патролиравме по еден булевар. Немавме наредба за да застанеме некој посебно. Престојувавме во одморалиштете на МВР во Охрид, истакна сведокот Чакаловиќ. Освен единицата АЛФА, на локалните избори во Охрид во 2013 година МВР со наредба пратил и припадници на Одделението за специјални задачи. Сведокот кој збореше по однос на оваа околност изјави дека веќе не е дел МВР, односно тогашната наредба им била обезбедување на изборниот процес во Охрид. Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО. Меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето е уште во фаза на презентација на вербални докази. Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува овој предмет очекува во следните неколку рочиште да заврши сослушувањето на сведоците предложени од обвинителството. Од вкупниот број на вербални докази предложени од обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци. Но, имајќи ја обзир динамиката на сослушување по неколку сведоци по рочиште ова постапка се предвидува да заврши во скоро време. Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани. Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други. Следното рочиште за случајот „Титаник" е закажано за 29 јануари. оџ/аа/

Остани поврзан