• понеделник, 25 ноември 2024

За САД изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер, а Зеленски ги оцени како „имитација на избори“

За САД изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер, а Зеленски ги оцени како „имитација на избори“

Вашингтон/Киев, 17 март 2024 (МИА) - Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер - е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од руските претседателски избори, според кои, Владимир Пути ќе освои уште еден шесгдишен мандат како шеф на државата. Украинскиот претседател Володимир Зеленскк, пак, смета дека во Русија имало „имитација на избори“.

Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни, ниту фер со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречил другите да се кандидираат против него“. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово одговори на настапот на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва, упатувајќи мрачна порака.

Украинскиот претседател Зеленски во вдео обраќање изјави дека „руската имитација на избори нема легитимитет“. 

- Деновиве рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што веќе често се случуваше во текот на историјата, едноставно е болна за власт и прави се за да владее вечно, наведе Зеленски.

-Имаше прашање за дисциплинскиот совет на Врховниот суд. Да. Имаме намера да го распуштиме, рече Моравјецки за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.

И полските власти вечерва соопштија дека претседателските избори во Русија „не се легални“.

- Претседателските избори во Русија не се легални, слободни и фер, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Полска.

Според официјална Варшава, гласањето било одржано „во контекст на тешка репресија“ и во региони на Украина окупирани од Русите, што е кршење на меѓународното право.са/

Фото: МИА архива

 

 

са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан