• среда, 27 ноември 2024

Почнува летното сметање на времето

Почнува летното сметање на времето
Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот. 
 
Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец. 
 
Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот. бак/мс/
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан