• недела, 28 април 2024

За прв пат од 1990 година нема да има европски тим во финалето на Дејвис купот

За прв пат од 1990 година нема да има европски тим во финалето на Дејвис купот
Малага, 26 ноември 2022 (МИА) - Познати се финалистите на Дејвис купот 2022 година. Австралија и Канада во недела ќе се борат за титулата. Австралијците стигнаа до финалето за прв пат по 2003 година, кога го освоија трофејот по 28-ми пат. За Канаѓаните ова е второ финале на последните три турнири (во 2020 година немаше натпревари поради пандемијата). Во 2019 година загубија од Шпанците. За прв пат откако САД ја поразија Австралија во 1990 година, нема да има европски тимови во финалето. Да потсетиме дека од 2019 година Дејвис купот се одржува во нов формат. Сега Светската група се натпреварува не во текот на целата година според олимпискиот систем, туку на крајот на сезоната во групната фаза плус плејоф формат. зс/

Остани поврзан