• петок, 22 ноември 2024

За прв пат во историјата на НБА, тројца Европејци во идеалната пeторка

За прв пат во историјата на НБА, тројца Европејци во идеалната пeторка
Вашингтон, 16 јуни 2021 (МИА) - За прв пат во историјата на НБА-лигата, тројца играчи од Европа беа вклучени во идеалната петорка на крајот на сезоната. Српскиот центар Никола Јокиќ (Денвер), грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо (Милвоки) и словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ (Далас) влегоа во идеалните пет за сезоната 2020/21. Покрај нив, во Топ 5 на сезоната се најдоа Американците Стеф Кари (Голден Стејт) и Каваи Ленард (Клиперс). Адетокумбо беше единствениот играч кој доби максимален број гласови (100), додека  МВП на сезоната на Јокиќ заработи 99. зс

Остани поврзан