• петок, 22 ноември 2024

За првпат направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

За првпат направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - За првпат во историјата на македонското здравство на Клиниката за ортопедски болести е направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Коските се од починатата девојка, чие семејство реши да ги донира органите откако таа го загуби животот во сообраќајка несреќа. Министерството за здравство соопшти дека експлантацијата на коските и меките ткива е направена рано утрово и оти веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег отстранет пред 12 години. - Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести. Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години. Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден. Ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат, се вели во соопштението од Министерството за здравство. бак/бк/

Остани поврзан