За првпат во историјата на Копа Либертадорес, полуфиналисти три клуба од иста земја
- Познати се три од четирите полуфиналисти на Купот Либертадорес. Палмеирас, Атлетико Минеиро и Фламенго изборија место на завршниот турнир во елитното натпреварување во Јужна Америка.
Сао Паоло, 19 август 2021 (МИА) – Познати се три од четирите полуфиналисти на Купот Либертадорес. Палмеирас, Атлетико Минеиро и Фламенго изборија место на завршниот турнир во елитното натпреварување во Јужна Америка.
За првпат во историјата на турнирот, три клуба од иста земја ќе играат во полуфиналето.
Покрај тоа, утре полуфиналето на Копа Либертадорес може да стане целосно бразилско доколку Флуминенсе ја победи еквадорската Барселона. На првата средба, резултатот беше нерешен - 2:2.
Финалниот турнир ќе се одигра на 27 ноември на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, Уругвај. зс/