• понеделник, 23 декември 2024

За пилот предивикот на НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации поднесени над 1200 апликации 

За пилот предивикот на НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации поднесени над 1200 апликации 

Брисел, 2 септември 2023 (МИА) - Над 1200 апликанти од земјите членки на НАТО доставија свои предлози на пилот предизвик за иноватори и претприемачи поставен од Северноатлантскиот акцелератор за одбранбени иновации (ДИАНА), соопшти Алијансата.

Учесниците на предизвикот, за кој конкурсот заврши на 25 минатиот месец, имаа задача да се фокусираат на три приоритети - енергетска отпорност, сензори и надзор и безбедно споделување информации и со своите предлози се натпреваруваат за добивање грантови од неколку стотици илјади евра.

Поднесените предлози од страна на апликантите, од кои повеќето се мали старт-ап компании, ќе бидат оценувани од стручни тимови составени од претставници на НАТО и бизнис секторот. Според најавите, првите грантови од овој пилот предизвик се очекува да бидат доделени кон крајот на годината.

По утврдувањето на листата на избрани апликанти, тимот на ДИАНА ќе работи директно со нив помагајќи им да ги тестираат своите идеи, да обезбедат дополнителни финансиски средства и да добијат комерцијални совети за раст на нивните бизниси.

Дирекорот на ДИАНА, Диф Чена изрази задоволство од големиот број пристигнати апликации.

- Мојот тим и јас сме воодушевени од огромниот број одговори и позитивниот пристап на иноваторите од Алијансата за првите три предизвици на ДИАНА. Тоа е доказ за напорната работа на тимот на ДИАНА, на кој сум исклучително горд, но и на значајниот фонд на таленти за кој знаеме дека постојат во Алијансата. Тимот и јас со нетрпение чекаме да почнеме да работиме со успешните кандидати, изјави Чена.

Тој најави дека штом Акцелараторот стане целосно оперативен во 2025 година, ќе бидат организирани повеќе предизвици годишно на различни теми, со можност секоја година да бидат ангажирани стотици иноватори.

- Се надеваме дека во следните години ќе го прошириме успехот на нашата пилот програма, потенцира Чена. сп/са/

Фото: НАТО

Остани поврзан