• петок, 20 декември 2024

Европскиот закон за чипови – регулатива за зајакнување на дигиталната сувереност на ЕУ

Европскиот закон за чипови – регулатива за зајакнување на дигиталната сувереност на ЕУ

Брисел, 24 септември 2023 (МИА) – Гарантирање на безбедноста во снабдувањето со чипови, обезбедување на прилагодливоста на ЕУ и зајакнување на нејзиното технолошко лидерство во секторот на технологиите и апликациите за полупроводници, се примарните цели на Европскиот закон за чипови што стапи во сила неделава. Но, амбициозниот план на ЕУ може да го поткопа недостигот на стручна работна сила, па затоа ако не се преземат дополнителни мерки фабриките кои се планира да бидат отворени со овој Закон не ќе може да произведуваат ништо ако не најдат работници.  

ЕУ се реши на усвојување на регулатива за овој сектор имајќи ја предвид се поголемата употреба на полупроводниците како основни составни елементи на дигиталните и дигитализираните уреди, почнувајќи од паметните телефони и уреди, преку возилата, па се до апликациите и опремата за здравството, енергетскиот сектор, одбраната, комуникациите и автоматизираните индустриски процеси. 

Според Еврокомисијата, која беше и предлагач на овој Закон, полупроводниците се сржта на модерната дигитална економија, но тие, исто така, се поврзуваат и со геостратешките интереси и глобалната трка за технолошко влијание и доминација.  

Законот има за цел да го поттикне производството на чипови во ЕУ со отворање нови фабрики, да стимулира создавање Европски дизајниран екосистем, како и да иницира зголемувањето на иновациите во овој сектор, што би требало да придонесе за удвојување на сегашниот удел на Унијата на глобалниот пазар за полупровдници на 20 отсто до 2030 година.  

Од Европската комисија посочуваа дека ЕУ е дом на водечките светски истражувачки и технолошки универзитети и институти и на пионерските техники за производството на некои од најнапредните видови чипови и дека има потенцијал и опрема за големи фабрики за полупроводиници и нивна дистрибуција. 

Официјални лица во сегашната американска администрација вршат притисок врз компаниите што произведуваат полупроводници да бидат „потранспарентни“ во однос на нивните синџири на снабдување, до

- Сепак и покрај овие силни страни, вкупниот глобален пазарен удел на Европа во производството на полупроводници е помал од 10 отсто и таа во голема мера зависи од добавувачи од трети земји. Во случај на сериозно нарушување на глобалниот синџир на снабдување, постои ризик залихите на европските индустриски сектори да се потрошат за кратко време, што би довело до застој европската индустрија. Како што дигиталната трансформација се забрзува и продира во секој дел од општеството, индустриските потреби за чипови ќе се зголемат, отворајќи нови можности на пазарот, додаваат од ЕК. 

Три столба на Европскиот закон за чипови  

Трите основни столба на кој ќе се базира имплантацијата на Законот за чипови се иницијативата „Чипови за Европа“, Рамката за поттикнување на инвестициите во производството на полупроводници и Механизмот за координација на активностите во овој сектор на европско ниво. 

Предвидено е иницијативата „Чипови за Европа“ да придонесе за зајакнување на европското технолошко лидерство, со тоа што ќе го олесни трансферот на знаење од лабораториите и истражувачките центри во производствените погони, да овозможи премостување на јазот помеѓу истражувањето и иновациите и индустриските активности, како и да ги поттикне европските бизниси кон промовирање на индустријализацијата на иновативните технологии.  

Активностите предвидени со иницијативата ќе бидат поддржани со 3,3 милијарди евра од фондовите на ЕУ, а се очекуваат и средства од земјите членки.  

Со овие средства би биле поддржувани активности, како воспоставување напредни пилот производни линии за забрзување на иновациите и технолошкиот развој, изработка на платформа за дизајн базирана на клауд моделот, создавање центри за конкурентност, развивање на квантни чипови, како и креирање на „Фонд за чипови“, кој на компаниите би им го олеснил пристапот до средства за обезбедување на капитал и финансирање на задолжувањата. 

Вториот столб од Законот е Рамката која би се создала со цел поттикнување на јавни и приватни инвестиции во индустриски капацитети за производство на чипови, како и во инфраструктура за нивна дистрибуција. 

Рамката треба да обезбеди сигурност на снабдувањето преку привлекување инвестиции и зголемување на индустриските капацитети за производството на полупроводници и нивно поврзување. Дополнително, како мерка за зголемена сигурност, Законот предвидува и можност за државна помош и субвенции за производствени капацитети на чипови, со почитување на одредбите од Договорот за функционирање на Европската Унија.

Нашата економија не би функционирала без чипови. Затоа, треба да ја намалиме нашата зависност од добавувачите од Источна Азија. Активно мораме да го отстраниме ризикот за нашите синџири за сн

Третиот столб треба да го претставувам Механизмот што ќе биде воспоставен за координација помеѓу земјите членки на ЕУ и Еврокомисијата со цел зајакнување на соработката во овој сектор, но и следење на понудата и побарувачката на полупроводници на пазарот, проценки и предвидување на евентуален нивни недостиг и евентуално активирање на антикризни мерки.  

Прв чекор, кон создавање на Механизмот беше воспоставувањето на Системот за предупредување за полупроводници на 18 април 2023 година, преку кој секој заинтересиран може да пријави недостиг или прекин во синџирот на снабдување со полупроводнички елементи. 

Заеднички претприемач за чипови 

Заедно со Законот, во сила стапи и Регулативата за „Заеднички претприемач за чипови“ (ЈУ), што овозможува и старт на имплементација на главниот дел од иницијативата „Чипови за Европа“. 

Целта на ЈУ, како што е објаснето, ќе биде да финансира проекти за истражување, развој и иновации во електронски компоненти и системи, со средства од ЕУ, земјите членки и други субјекти за реализација на иновативни активности кои „прават вистинска разлика во европското општество и личниот живот на граѓаните“. 

Таквите активности би се финансирале преку „Фондот за чипови“, за чие управување се формира Европски одбор за полупроводници, како клучна платформа за координација помеѓу Комисијата, земјите членки и заинтересираните страни. 

Преку „Фондот за чипови“ се очекува да се приберат 11,15 милијарди евра јавни инвестиции до 2030 година од Унијата и од земјите членки, како и да се поттикнат значителни приватни инвестиции. Се предвидуваат и до две милијарди евра средства наменети за старт-апи во секторот за производство на чипови. 

Европската комисија наскоро ќе го претстави планот за четирикратно зголемување на производството на електронски чипови во Европа до 2030 година, а тоа ќе биде една од главните иницијативи на

Средствата би биле обезбедени главно преку ЈУ, но и од програмите „Дигитална Европа“, која поддржува создавање дигитални капацитети во клучните сектори, и од „Хоризонт Европа“, која овозможува интензивни истражувања, развој и иновации во областа на суровините и полупроводниците. 

Компаниите ќе може да аплицираат за средства за отворање нови фабрики за производство на полупроводници и за добивање на статусите „интегриран производствен капацитет“ (ИПФ) или „отворена ЕУ леарница“ (ОЕФ). Статусот „интегриран производствен капацитет“ се однесува на фабрики кои дизајнираат и произведуваат компоненти за сопствениот пазар, додека „отворена ЕУ леарница“ би била фабрика чии дизајн и производство главно се наменети за странски индустрии. 

Со цел да се постигне безбедност на снабдувањето во Унијата, земјите членки може да им доделат субвенции на фабриките со вакви статуси, без да ги нарушат правилата за државна помош. При доделувањето на помошта мора да се води сметка таа да има „стимулативен ефект“, да не ги нарушува принципите на конкурентност и да биде пропорционална и ограничена на потребниот минимум.  

Ваквите статуси, покрај финансиска помош, на овие производствени капацитети ќе им овозможат полесен пристап до административните апликации и добивање дозволи. 

Но, овие статуси, исто така, ќе им носат обврски на производителите да се усогласат со критериумите на Унијата, да дадат свој придонес во остварување на дигиталните цели на ЕУ и да гарантираат сигурност во снабдувањето со чипови при евентуална криза. 

Зошто Европски закон за чипови? 

Изработката на заедничката европска стратегија за секторот за производство на чипови ја најави претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во нејзиниот говор за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците во 2021 година. Лани во февруари 2022 година, Комисијата го објави предлог-текстот на Европскиот закон за чипови, кој беше усогласен меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ, односно земјите членки, во април годинава.  

Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството

Според извори во Европската комисија, одлуката да се пристапи кон подготовка на законот покрај од зголемената потреба за чипови во речиси сите сектори, била поттикната и од искуствата од Ковид пандемијата која ги изнесе на виделина слабостите во системите во Европа, но и во други делови од светот, кои имаат значителен недостиг на чипови.  

- Индустриите во ЕУ произведуваат многу видови високотехнолошки производи, од кои чиповите се суштински дел, но Европа мора да ги зајакне своите капацитет во производството на полупроводниците за да обезбеди идна конкурентност, да го одржи своето технолошко лидерство и да гарантира безбедност во снабдувањето, посочуваат од ЕК. 

Од таму додаваат дека овој секторот станува се поинтензивен и според вклучениот капитал и според развиените знаења, а во исто време глобалното снабдување со чипови се потпира на неколку производствени локации. 

ЕУ очекува имплементацијата на Законот да помогне во остварувањето на целите утврдени со „Дигиталната декада 2030“, како и да поттикнат создавање позелена, поинклузивна и дигитална Европа. Меѓу целите на „Дигиталната декада 2030“ се наобразба на 20 милиони ИКТ експерти, обезбедување 80 отсто од жителите на ЕУ да поседуваат основни дигитални вештини, 75 проценти од компаниите да користат клауд систем или вештачка интелигенција, 90 отсто од малите и средни претпријатија да имаат најмалку основно ниво на дигитализација, 100 проценти дигитализација на јавните услуги и дигитални лични карти за секој граѓанин, како и интернет пристап за секој Европеец, удвојување на учеството на ЕУ во глобалното производство на  полупроводници и изработка на првиот компјутер со квантно забрзување. 

Недостигот на работна сила главен проблем на производителите на чипови 

Но, и покрај амбициозниот план на ЕУ, привлечните субвенции и политичката добра волја, производителите на чипови со соочуваат со реален проблем - ваквите капацитети бараат илјадници оспособени работници, а нив во моментов во Унијата ги нема во доволен број. 

Дури и претседателката на Европската комисија во своето обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците кон средината на месецов посочи дека во ЕУ „наместо милиони луѓе да бараат работа, милиони работни места бараат луѓе“, а токму овој недостиг е највидлив во секторот за производство на полпупроводници. 

„За следната година ова ќе биде секојдневен предизвик“, рече таа, коментирајќи го прашањето за глобалниот недостиг на чипови потребни во различни сектори, од технологија до автомобили.

Во Германија, каде треба да се отворат некои од најголемите идни европски фабрики за чипови, веќе се иницираат програми за обука на работници. Американската компанија „Интел“, која планира изградба на две фабрики за чипови во близина на германскиот градот Магдебург започна соработка со шест универзитети во регионот за оспособување на работна сила, за што одвои околу 1,2 милиони евра. 

Еден универзитетите, „Ото фон Герике“ од Магденбург, дури најави нова специјализирана магистерска програма за полупроводнички нанотехнологии, која треба да стартува со новата академска година и да опфати 40 студенти.  

Група од 18 производители на полупроводници, универзитети и други образовни институции, пак, издејствуваа 4 милиони евра средства од ЕУ за основање на Европската академија за вештини за чипови, како „прва децентрализирана академија“ за обука на кадри за потребите на секторот за чипови.  

Но, дури и ваквите програми и партнерствата со универзитетите можеби нема да бидат доволни за да се задоволи потребата од работници во услови на жестока конкуренција во изнаоѓањето стручен кадар.  

Американската Асоцијација на индустријата на полупроводници (СИА) неодамна објави студија во која се предвидува недостиг од 67.000 високообразовани кадри во секторот за производство на чипови до 2030 година. 

Потпретседателот на „Интел“ за односи со европските власти Хендрик Буржоа смета дека овој проблем може да биде главниот предизвик за имплементација на плановите на ЕУ поврзани со Законот за чипови. 

- Без брза акција, тековниот недостиг на струен кадар ќе го спречи европскиот план за поголеми дигитални системи на континентот, наведе Буржоа на својот блог. сп/рп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан