• петок, 22 ноември 2024

За една недела санкционирани 200 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За една недела санкционирани 200 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 200 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 14 до 20 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар посочуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.фф/лв/

Остани поврзан