• среда, 25 декември 2024

За една недела санкционирани 174 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 174 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 2 март 2021 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 174 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 22.02. до 28.02.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 90 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението од јавното претпријатие. Испраќаат апел до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.свс/лв/

Остани поврзан